Индијката Харназ Санду крунисана за Мис Универзум
Мис Индија ја презеде круната на 70. избор на Мис Универзум што се одржа во израелскиот туристички град Ејлат на Црвеното Море доцна ноќта во недела.
Речиси 600 милиони гледачи се приклучија да го гледаат величествениот настан, еден од најконтроверзните натпревари за убавина допрен од политиката и пандемијата, коментираат светските медиуми.
Харназ Санду (21), боливудска актерка, победи 79 други натпреварувачки за титулата и беше крунисана од претходната односно актуелната Мис Универзум, Андреа Меза од Мексико.
Боливудската ѕвезда ја победи Мис САД Ел Смит, која се најде во првите десет на натпреварoт погоден од пандемиски невољи и политички бојкот.
Мис Јужна Африка, една од многуте натпреварувачки под притисок од нејзината влада да го бојкотира контроверзниот натпревар во знак на протест против односот на Израел кон Палестинците, беше прогласена за втора придружничка.
Вниманието на јавноста го привлече откако наместо одговор, таа имитираше мачка и мјаукаше на микрофон.
Miss India wins for best answer! #India #MissIndia #Caturday #CatsOfTwitter #MissUniverse #MissUniverse2021 #meow #meowed pic.twitter.com/tbgwkjMsOe
— Jennifer Su (Jen Su) (@jennifer_su) December 13, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа