Индија: Итно повлечени капки за очи, од кои некои починале а некои ослепеле
Производител со седиште во Индија ги повлече капките за очи EzriCare (вештачки солзи) откако американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека тие можеби биле контаминирани со бактерии отпорни на лекови.
Минатиот месец ЦДЦ ѝ соопшти на јавноста да престане да користи капки за очи EzriCare, како мерка на претпазливост бидејќи добиле извештај дека капките се поврзани со инфекција која предизвикала трајно губење на видот и една смрт, објави „Бизнис Инсајдер“.
Центрите за контрола и превенција на болести на 20 јануари објавија дека 50 лица од 11 американски држави биле позитивни на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Како што наведуваат од таму, повеќето од заразените користеле капки за очи пред тестот, а најчеста марка е EzriCare Artificial Tears.
Бактеријата Pseudomonas aeruginosa може да предизвика инфекции на крвта, белите дробови или рани. Сè потешко е да се лекува бидејќи развива одбранбени механизми против антибиотици. Пронајдениот вид на оваа бактерија е отпорен на карбапенеми, силни антибиотици кои ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат болести како пневмонија, инфекции на уринарниот тракт и тешки инфекции на кожата.
Отпорен е и на два други антибиотици – цефтазидим, кои лекарите ги користат за инфекции на уринарниот тракт, менингитис и инфекции на крвотокот. На 20 јануари ЦДЦ препорача и лекарите и пациентите „веднаш да престанат да користат вештачки солзи на EzriCare, во очекување на завршување на епидемиолошката истрага и лабораториска анализа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа