Инцидент во Битола: Возило удрило во античкиот локалитет„Хераклеа“, возачот избегал
Вчера во 08.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Буковска“ во Битола, патничко возило удрило во влезната врата од главниот влез на археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ и ја оштетил, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
26.05.2025 - 13:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа