Има 53 години, ама изгледа како 25: Џенифер Анистон ја откри тајната за совршен изглед
Омилената холивудска ѕвезда и еден од култните ликови на „Пријатели“, Џенифер Анистон (53), вели дека секоја недела се почестува со мини третман за лице, а денот го почнува со топла вода и лимон.
Нејзиниот активен животен стил во комбинација со јога и медијација ѝ помага да задржи здрав дух и здраво тело.
Јогата е најзаслужна за внатрешниот мир, а и за еластичност на телото.
Покрај неделните третмани за лице, една од работите на кои најмногу се радува секој ден е нејзиниот момент на медитација.
„Тоа е мојот омилен момент“, изјави таа за списанието First For Women. „Посакувам да можеме да го замрзнеме времето во тој магичен час затоа што има многу да се црпи од таму, тоа е уважување на денот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа