Илон Маск сака да го урне „Јутјуб“

 

Милијардерот и сопственик на платформата X откри дека оваа платформа набргу ќе овозможи видеосодржини со долга форма на паметните телевизори.

Одговарајќи на барање на корисник, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори.

Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе личи на апликацијата „Јутјуб“ за ТВ, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане конкурент на платформата на „Гугл“.

Платформата X додава многу нови функции во последните месеци, а Маск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација, која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видеосодржини во долга форма.

13.03.2024 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега