ИЈЗ со детали за позитивните лица на мајмунски сипаници

 


Епидемиолозите од ИЈЗ се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти.


Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX.

Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX.

ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб страната, отвори 2 (две) нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници.

Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции.


Во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите.

Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата.

26.05.2025 - 13:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега