ИДФ: За три часа извршени воздушни напади врз 130 цели на Хамас
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле воздушни напади врз 130 цели на Хамас во Газа во изминатите три часа.
„Во текот на последните 24 часа, авионите на воздухопловните сили извршуваа опсежни напади долж должината и широчината на Појасот Газа, предизвикувајќи пустош врз терористите на Хамас“, се вели во соопштението на ИДФ.
„Само во последните три часа беа нападнати околу 130 цели со десетици авиони.
Израелската војска претходно соопшти дека војската има целосна контрола врз сите заедници долж границата со Газа, јави Би-Би-Си.
Борбите меѓу војниците и палестинските милитанти во неколку области денеска изутрина станаа „изолирани“, изјави портпаролот на новинарите. Но, тој предупреди дека милитанти можеби сè уште се на слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа