И 27 години помладата жена не му се погоди: Се разведува по петти пат
Германската фудбалска икона Лотар Матеус во последните години е познат и по бурниот љубовен живот. На фудбалскиот терен беше голем шампион, единствен е со пет настапи на Мундијали, еднаш и го освои светското првенство, потоа како тренер немаше толку успеси, а никако да се „скраси“ во приватниот живот. Матеус петпати се женеше, и петпати се разведе.
Германските медиуми пишуваат дека 60-годишниот Матеус тајно се разделил со сопругата Анастасија, која е 27 години помлада од него и со која има еден син. Таа не сакала да пере долна облека и дресови, а Матеус вели дека остануваат пријатели. Матеус веќе нашол нова девојка, но не сакаше да открие ништо, ни името на новата потенцијално шеста сопруга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа