Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица
Во периодот од 16 до 22 февруари, пријавени се 28 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Од новите 28 случаи, четири случаи се хоспитализирани. Станува збор за три деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен вечерва.
Возраста на заболените се движи до 47 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца под една година и од 10 до 14 години. Годинава во ИЈЗ се регистрирани вкупно 67 случаи на голема кашлица, со инциденца од 3,6/100 000 жители.
По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар – две и едно во Струга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа