Хороскоп: Близнаците стравуваат од неуспех, Вагата со подобрени финансии

 

ОВЕН

Сегашната фаза не е поволна за никакви ризици и избрзани коментари. Понекогаш е подобро да молчите отколку да излезете со непромислен коментар. Можно е да се однесувате донекаде несигурно и срамежливо кога стекнувате ново познанство. Посетете го стоматологот.

БИК

Може да добиете финансиска помош од блиска личност. Не двоумете се да прашате. Немате доволно иницијатива во односот со саканата личност, што не е типично за вас. Проблеми со циркулацијата. Задолжително е да се оди на лекар.

БЛИЗНАЦИ

Во вас постои одреден страв од неуспех или промена на работното место. Не сте сигурни во себе и тоа ве прави многу нервозни. Потребна ви е поддршка од саканата личност, но таа изгледа не е свесна за тоа. Подложни сте на вирусни инфекции.

РАК

Слободно преземете ситни ризици, може да бидете задоволни од епилогот. Не може секогаш да се оди на безбедно. Имате можност да се опуштите максимално. Сакате да ја задоволите вашата сакана личност.Чувствителна област на градите.

ЛАВ

Може да добиете многу добра деловна понуда. Искористете го тоа! Многу поволен ден за сите оние кои се во брак, се чувствувате пријатно. Еден член од семејството ќе ве израдува со некои информации. Чувствителен мочен меур и уринарен тракт.

ДЕВИЦА

Исто така, важно е да вратите некои деловни контакти кои сте ги запоставиле. Саканата личност се труди максимално да се прилагоди на вас. Понекогаш не знаете доволно да го цените тоа. Можна настинка. Бидете внимателни, зајакнете го витаминот Ц.

ВАГА

Задоволни сте од деловната ситуација. И вашите финансии постепено се подобруваат, особено ако соработувате во странство. Емоционалната стабилност е многу далеку од вас во моментов. Покачена телесна температура

ШКОРПИЈА

Потребен ви е доверлив соработник, некој на кој сигурно ќе се потпрете. Преплавени сте со работа.Можно е саканата личност да имала обврска да замине на пократко патување. Досадно ви е, доста сте исцрпени, изморени.

СТРЕЛЕЦ

Тоа што ќе го решите денес ќе значи многу долгорочно во иднина. Фантазирате за брак, иако сте свесни дека моментално немате партнер со кој тоа да го направите. Проблеми со вртоглавица. Можно е тоа да е последица на промена на притисокот

ЈАРЕЦ

Денес некој може да се обиде да манипулира со вас за лична корист. Бидете исклучително внимателни. Нема претерано важни настани, но не го тргате погледот од една личност на полето на работа. Откријте дали е слободна. Несоница и нервоза.

ВОДОЛИЈА

Можно е некои луѓе од работниот колектив да немаат доволно доверба во вас. Размислете дали е тоа заслужено „признание“! Треба да се прилагодите на партнерот и да ги промените навиките доколку сакате врската да трае. Чувствителен нервен систем.

РИБИ

Забавете малку. Под голем притисок сте и ги терате работите да чекаат. Не бидете недоверливи и ситничари кон саканата личност. Држите некое чудно растојание долго време. Висок крвен притисок.

13.12.2021 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега