Хорор во Мексико: Градоначалничка убиена на улица

 


Убиена е градоначалничката на Котиха, Јоланда Санчез Фигуероа град во западниот дел на Мексико, соопштија утрово регионалните власти.

Потрагата по убијците е во тек.

Локалните медиуми јавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и оти нападот се случил на улица.

Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара.

Убиството се случува 24 часа откако за првпат во историјата на земјата жена беше избрана за претседателка на Мексико. Клаудија Шајнбаум Пардо, кандидатка на левичарската партија Морена на изборите минатиот викенд освои речиси 60 отсто од гласовите.

04.06.2024 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега