Хорор во Лондон: Маж оставил фетус во кутија пред болница

 

Човечки фетус денес е пронајден пред лондонска болница, по што е покрената полициска истрага.

Фетусот стар 16 недели бил откриен пред болницата Барнет во северен Лондон околу 9 часот, при што веднаш била повикана полиција.

Детективот Мет Коад рече: „Во овој момент, наш приоритет е да се осигураме дека мајката е добро и дека добива соодветна медицинска помош“.

„Ова веројатно ќе биде трауматично време за неа и би ја замолил да стапи во контакт или со нас, со нејзиниот локален општ лекар или со болницата. Кутијата ја оставил маж на 30 години, облечен во темна облека. Исто така, би го охрабрил и мажот да се предаде за да можеме да помогнеме“, изјавил инспекторот Коад, пренесува „Дејли мејл“.

30.01.2023 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега