Хорор во Белград: Го извадил черепот на татка си од гробница и го чувал во плакарот
Маж од Белград, кај кого полицијата пронашла човечки череп во плакарот во собата, рекол дека тоа е черепот на татко му, кој пред 45 години бил закопан во семејната гробница.
Го видел кога го отвориле за да погребаат роднина.
„Белграѓанинот тогаш забележал дека во черепот на татко му нема златни заби. Тоа го повредило и черепот го донел дома. Не ја известил полицијата за случајот“, вели соговорник на „Телеграф“ близок до случајот.
По наредба на Обвинителството, извршена е обдукција во Институтот за судска медицина, пренесуваат медиумите во соседството.
30.05.2024 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа