Хорор: Тинејџерка си ја убила мајка си затоа што и го одзела телефонот
Тинејџерка од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинета дека ја избола мајка си до смрт откако и го одзеле мобилниот телефон.
Припадниците на полицијата од локалната станица во Вилкс-Баре, Пенсилванија, биле повикани да интервенираат по пријава дека една жена не дава знаци на живот, пренесува „Њузвик“.
По пристигнувањето на местото на злосторството, полициските службеници пронашле жена со повеќе убодни рани во пределот на вратот и грбот, а можеле само да констатираат смрт.
На местото на настанот било пронајдено 11-годишно момче со повреди на грбот нанесени од нож, кои, сепак, не биле опасни по живот, како и 13-годишната ќерка на убиената која е обвинета за убиство.
Според полицијата, девојката на лице место признала дека ја убила мајка си по расправија при која и го одзеле ајфонот.
Според полицијата, девојчето изгледало вознемирено и се каело за тоа што го направила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа