Холандија одлучи да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната

Холандската влада на денешната седница одлучи дека Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум.

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по состанокот изјави дека се уште е „прерано“ да се постигне согласност за пристапување на Бугарија. Според него, Холандија може да го преиспита прашањето само кога ќе стане јасно дека Бугарија има ефективно владеење на правото и држава способна да се справи со корупцијата и организираниот криминал.
 

Проширувањето на Шенген зоната со трите земји е вклучено во агендата на состанокот на министрите за внатрешни работи и за правда од Европската Унија на 8 декември. Повеќето земји веќе ја донесоа својата одлука. На состанокот министрите мора да постигнат едногласен договор за прием на нови земји. Така, дури и Холандија да е единствената што ќе гласа против, Бугарија нема да добие дозвола за приклучување, забележуваат медиумот.

Холандскиот премиер Марк Руте на денешната прес-конференција изјави дека одлуката да не се поддржи влезот на Бугарија во Шенген не е политичка, туку се заснова на факти. Според него, Холандија не е единствената земја која има сомнежи во врска со ова прашање.

02.12.2022 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега