Холандија ќе и даде дополнителни 400 милиони евра финансиска помош за Украина

 


Холандската техничка влада ќе и даде дополнителни 400 милиони евра финансиска помош за Украина, со што таа ќе достигне повеќе од 2,4 милијарди евра во 2024 година, објави РТЛ, цитирајќи владини извори.

Владата планира следната година да додели најмалку 1,5 милијарди евра помош за Украина, пренесува холандската агенција АНП.

Овие средства се дел од обидот холандските одбранбени алокации да достигнат два отсто од вкупниот БДП, што е ниво поставено како минимум меѓу членките на НАТО, пишува агенцијата.

Холандската влада претходно најави дека очекува да го постигне ова ниво од два отсто уште годинава, но економскиот раст, недостигот од работници и проблемите со синџирите на снабдување ја отежнаа таа задача.

По правило, холандските распределби за одбрана отсекогаш биле под целите на НАТО и дополнително биле скратени во деценијата пред руската инвазија на Украина, во текот на годините на мерките за штедење.

12.04.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега