Хаос на полувреме во Куманово: Хулигани се нафрлиле на играч, се обиделе да му го соблечат дресот

 


Синоќа во 20 часот, полициски службеници од СВР - Куманово ги лишија од слобода А.Ј. и Д.С., на возраст од 36 и 29 години, двајцата кумановци.

На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“, тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

18.05.2025 - 14:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега