Хакирана фејсбук страницата на Македонскиот дипломатски синдикат
Македонскиот дипломатски синдикат соопшти дека нивната фејсбук страница била цел на хакерски напад, но дека повторно е ставена во функција.
„Нашата фејсбук страница беше мета на хакерски напад. Во моментов повторно е активна и ставена во функција. Напоменуваме дека сите објави во последните 48 часови се направени без наша авторизација и истите ќе бидат отстранети“, стои во соопштението од МДС.
20.03.2024 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа