Гутереш предупредува: Не гледам крај на војната во Украина

 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека не гледа можност наскоро да заврши војната во Украина, бидејќи има големи разлики меѓу завојуваните страни.

„Оваа војна ќе заврши, но не наскоро. Сè доаѓа до својот крај. Сепак, во овој момент не гледам можност за мировни преговори меѓу двете страни. Да бидам јасен, руската инвазија создаде ситуација во што, во основа, двете страни имаат големо несогласување за минатото и тоа е секогаш тешко да се реши“, рече Гутереш на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

„Два сосема различни гледишта за тоа што беше руската империја, кои се денес Украинци, а кои се Руси… Јасно е дека, според мене, оваа мешавина го отежнува нештата да се дојде до решение“, рече тој,пренесе Танјуг.

18.01.2023 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега