„Гугл мапс“ ја разреши мистеријата: Најдена жена исчезната пред три години
Пред три години Полет Ландрие (83) исчезна во белгискиот град Анден, а случајот е решен благодарение на „Гугл мапс“, пренесува „Дејли мејл“.
Полет боледувала од Алцхајмеровата болест, а нејзиниот сопруг Марсел секојдневно се грижел за неа. Ја оставил сама неколку минути на 2 ноември 2020 година, кога излегол во дворот да закачи алишта да се исушат. Полет во тоа време гледала телевизија, но кога се вратил, ја немало. Откако ја пребарал целата куќа и околината и тропнал на вратите на соседите, Марсел повикал полиција.
Следеше масовна потрага која траеше со недели, па дури беше вклучен и хеликоптер, но Полет беше пронајдена дури во 2022 година. Потоа, соседот на Марсел и Полет го пребарал „Гугл стрит вју“ и нашол снимка од Полет на денот кога исчезнала, фатена од автомобил што минувал низ нивната улица токму во тој момент.
Се гледа како таа излегува од улицата и го поминува патот, додека Марсел пружал алишта од другата страна на куќата. Инспекторите потоа ја следеле патеката што ја поминала Полет на фотографијата и го пронашле нејзиното тело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа