Грузиската влада сака да забрани промена на полот и геј паради

 

Владеачката партија во Грузија воведе закон со кој ќе се ограничат правата на членовите на ЛГБТ заедницата, а нејзините политички противници велат дека тоа е обид да ги привлече гласачите пред изборите во октомври.

-Нацрт-законот ќе забрани промена на полот и посвојување од страна на истополови двојки, како и собири насочени кон популаризација на истополовите семејства или интимни врски, се вели во резимето објавено од владејачката партија Грузиски сон.

Организацијата „Тбилиси Прајд ЛГБТ“ го нарече предлогот „хомофобичен“ во објава на Фејсбук.

Грузиската опозиција тврди дека анти-ЛГБТ агендата на Грузиски сон е обид да се придобијат конзервативните и неопределени гласачи и да се сврти вниманието од економските проблеми пред парламентарните избори во октомври.

Грузискиот устав ги забрани истополовите бракови во 2018 година

25.03.2024 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега