Груби: Бараме сеопфатна истрага oд Ахмети, па сѐ до последниот член на ДУИ
Бараме сеопфатна истрага, не само за Рамиз Мерко, туку од господин Али Ахмети, па сѐ до последниот член на ДУИ, и не само за периодов, туку од 2002 до 2023 година, изјави првиот вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби.
Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, на прашање во врска со случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на кој САД му забрани влез во нивната држава поради вклученост во корупција, вицепремиерот Груби рече дека ДУИ ја прифати политиката на санкционирање и ја прими одлуката на Стејт Департментот.
– ДУИ ја прифати таа политика на санкционирање и ја поддржа. Ја примивме одлуката на Стејт Департменот, ја почитуваме, согласно тоа и се донесоа одлуките во партијата во однос на членството на господин Мерко во Централното претседателство, во Генералниот совет, во партијата воопшто, рече Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа