Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро

 

Верниците ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск „уште во недела наутро“ во базиликата Света Марија Мајор во центарот на Рим, соопшти денеска директорот на прес-службата на Ватикан, Матео Бруни.

Ковчегот на аргентинскиот папа, кој почина во понеделникот на 89-годишна возраст, во сабота ќе биде пренесен во таа базилика, каде што ќе биде погребан, а ќе му претходи верска церемонија на плоштадот Свети Петар.

Ватикан во посебно соопштение соопшти дека околу 61.000 верници од средата наутро ја посетиле базиликата Свети Петар во Рим за да им оддадат почит на посмртните останки на папата Франциск

24.04.2025 - 20:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега