Градски паркинг – Скопје: Активирана функцијата „СМС порака за потсетување за активно паркирање“

 

ЈП „Градски паркинг- Скопје“ соопшти дека е активирана функцијата „СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта“.

На почетокот на оваа седмица во системот на зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје се активираше СМС порака – потсетник за активна паркинг сесија. Корисниците кои испратиле СМС порака за паркирање, по четири часа и пет минути, ќе добиваат „порака- потсетник“ со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина S“, посочуваат од претпријатието.

Оваа порака, како што информираат, е со цел да им се излезе во пресрет на корисниците кои паркираат на зони кои немаат ограничено и автоматско исклучување на паркинг сесијата, поточно зоните Ц и Д.

Корисниците често од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот, потенцираат од ЈП „Градски паркинг“- Скопје и апелираат корисниците навремено да испраќаат СМС пораки за започнување и за стопирање на паркирањето, со што не би се соочиле со непријатности т.е. поставување блокатор на тркало. 

20.07.2022 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега