Град Скопје: Жалиме што ДКСК наместо да констатира корупција, се занимаваат со исполнување на политички агенди
„Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди“. Вака реагираат преку писмено соопштение од Град Скопје, откако претходно денеска ДКСК ја обвнини Арсовска дека постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д. директор во скопската Зоолошка градина.
„Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија.Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти. Секако, членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца“, стои во реакцијата на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа