Град Скопје: Зголемен бројот на паркинг места за лицата со попреченост во Клиничкиот центар

 

Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар. 
 
„На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника.
 

 

Градот Скопје континуирано работи и реализира голем број активности за подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на лицата со попреченост“, информираат од Град Скопје.
02.06.2022 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега