Град Скопје: Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку во целиот мандат на претходното раководство
Од Град Скопје реагираат на соопштението на СДСМ, во врска со Јавното сообраќајно претпријатие (JСП).
„Ниедна лага од СДСМ нема да го испере срамот кој го ставија во Градот Скопје. Корупциските скандали, бројните злоупотреби од претходното градско раководство и директорите на претходниот градоначалник Шилегов кои трошеа и правеа огромни сметки за лични луксузирања нема да бидат покриени со лажните соопштенија за нечии оставки со кои се манипулира јавноста.
Милионските долгови, организационскиот хаос и негрижата за вработените се она кое СДСМ и претходното градско раководство го оставија во јавните претпријатија. СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше, го остави во 3,9 милиони евра долг, со неподмирени долгови кон добавувачите до преку 240 милиони денари, со само 140 возила за цело Скопје, со негрижа кон барањата на скопјани и вработените во претпријатието, со редуцирани возни редови, правејќи непродуктивни трошоци и очајна финансиска состојба.
Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку што претходниот градоначалник и поранешниот директор направиле за целокупниот нивен мандат. Зголемен е вкупниот приход за цели 65% во споредба со истиот период минатата година, а остварени се приходи од тековното работење во висина од над 45 милиони денари, се со цел вистинско консолидирање на ова јавно претпријатие кое е во служба на сите граѓани“, велат од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа