Град Скопје со демант: Противпожарна има гориво
По информациите кои ги изнесоа од СДСМ дека камионите на Противпожарната бригада имаат гориво за само уште една недела, од Градот Скопје во изјава за „Локално“, велат дека гориво има и дека на тендер е избрана фирма која ќе врши нова набавка.
-Имаме активен договор до 05.06. 2022 година. На тендер е избрана фирма за нова набавка, нивниот договор ќе почне да важи откако ќе биде потпишан, велат од Град Скопје.
За владејачката партија ваквата неодговорност на градоначланичкат на Град Скопје Данела Арсовска е загрижувачка, бидејќи е оставен без ресурси еден од најважните сервиси на Градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа