Град Скопје: СДСМ со лагите ги оштетува Скопје и скопјани, имаме активен договор за горива

 

Град Скопје реагираше по обвинувањата на СДСМ дека противпожарна нема доволно горива и соопшти дека постои активен договор за горива.

 

Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста од СДСМ дека Противпожарната бригада е без гориво.

 

За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.

 

Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање. 

 

Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани“, соопштија од Град Скопје.

30.05.2022 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега