Град Скопје направи увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Денес направивме увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, каде покрај коловозот, се обезбедуваат нови пешачки и велосипедски патеки, информираат од Град Скопје.
Реконструкцијата на булеварот, како што соопштија, опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на целосно нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и заменување на постоечките приклучоци со нови, ново улично осветлување со лед светилки со контролери.
„Го решаваме и деценискиот проблем со поплавувањето на овој булевар, бидејќи до сега тука воопшто не постоела атмосферска канализација, а старата и дотрајана водоводна мрежа која сега се заменува со нова, како и замената на приклучоците со нови ќе овозможи да нема прекини во водоснабдувањето, дефекти и загуби на вода. Проектот кој се работи согласно сите европски и светски стандарди, е во завршна фаза со што се овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот“, се истакнува во официјалното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа