Град Скопје: Јавниот превоз функционира нормално и покрај политичките притисоци

Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје, тврди Град Скопје.

-За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани. Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски. Градот Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици, се вели во дописот од Градот.

02.09.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега