Грабеж на деценијата во Лос Анџелес: Украдени 30 милиони долари

 

Околу 30 милиони долари беа украдени од објект за складирање на пари во еден од најголемите грабежи во историјата на Лос Анџелес.

Крадците го пробиле покривот на објектот низ кој влегле во неделата вечерта, а грабежот бил откриен ден подоцна кога бил отворен сефот, јавува „Скај њуз“.

Сè уште е нејасно како крадците избегнале да го активираат алармот во објектот, за кој началникот на полицијата Елејн Моралес рече дека имало пари од локалните бизниси во долината Сан Фернандо.

Федералното истражно биро (ФБИ) ќе учествува во истрагата заедно со полицијата.

04.04.2024 - 21:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега