Говорите на Хитлер им биле пуштани на патници во воз во Австрија

 

 

На патници во воз во Австрија наместо вообичаените железнички најави им биле пуштани делови од говорот на Адолф Хитлер, пренесува Der Standard.

Национал-социјалистичките фрази како „Хајл Хитлер“ и „Зиг Хеил“ ги шокираа патниците, потврди портпаролот на железничкиот оператор ОеББ, по написот во весникот Дер Стандард.

Тој рече дека истрагата утврдила дека двајца осомничени успеале да отклучат дел од вагонот во кој имало разглас, каде потоа од мобилен телефон ги пуштале говорите на Хитлер.

„Сè беше пуштено многу гласно. Беше многу непријатно и вознемирувачко“, рече портпаролот.

Против двајцата осомничени, кои биле јасно идентификувани на камерите кога излегле од возот во Виена, започната е истрага. Не се знае како го добиле клучот, но исклучено е дека се работи за вработени во ОеББ.

15.05.2023 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега