Гори во позната туристичка дестинација во земјава: Мештани и пожарникари се борат со огнот

Се уште е активен шумскиот пожар меѓу планинските села Ореше и Папрадиште во реонот на Азот во Општина Чашка.

- Во гаснење на пожарот, во кој гори мешана дабова и букова шума,  од утрово од 7:30 часот се вклучени и два хеликоптера, а гаснат и мештаните од двете села и екипи на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.

 Овој реон каде гори шумата  е  во  срцето на Азот, богат со шуми и природни убавини во Општина Чашка веднаш под Солунска глава. Азот, а посебно селото Папрадиште  е  најпосетувано од домашните и странски туристи и планинари. Во овој реон  има цркви и манастири со конаци.

Овој  шумски пожар вчера во 12 часот  бил пријавен преку  112 за итни повици. Вчера освен вработените од ШС „Бабуна“ и месното население гаснела и екипа пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес.

07.08.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега