Гори Пелопонез: Тројца пожарникари се повредени

Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека станува збор за особено тежок пожар во предел со густа вегетација со борови дрвја, а интервенираат 19 воздушни средства.

Дополнително во гаснењето учествуваат 120 пожарникари со пет пешадиски тима, 32 возила, а помагаат и цистерни од општините.

Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.

17.07.2024 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега