„Гореше“ Кавадарци- Лозари со спектакуларно пиротехничко шоу го прослави 30-от роденден (ВИДЕО)
Навивачката група на Тиквеш од Кавадарци, Лозари со спектакуларно пиротехничко шоу го прослави 30. роденден.
Кавадарци гореше во режија на навивачката група Лозари, тие се потрудија да направат голем спектакл за својот јубилеен 30. роденден и успеаа во тоа.
Лозари со огномет и бакли направија вистинско шоу, помогнаа и сите граѓани на Кавадарци кои требаше да ги изгасат светлата од своите домови во најавениот теремин.
Неодамна Кавадарци ја прослави и промоцијата на Тиквеш во Првата македонска лига.
31.05.2021 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа