Голем удар на црниот пазар: Лишени од слобода шест лица

 


Вчера во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик. При контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од с.Горно Палчиште, тетовско, Р.А.(37) и Б.З.(64), двајцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“ по член 279-б од Кривичниот законик.

Имено, при контролата кај овие лица пронајдени се и одземени вкупно 453 штеки разновидни цигари и 199 килограми разновиден тутун.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

21.05.2025 - 13:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега