Голем пожар беснее во Измир
Голем пожар беснее во Измир, објави телевизијата ТРТ-Хабер. Пожарот избувнал во регионот Борнова во Измир околу 13:30 часот од засега неутврдени причини.
Поради пожарот, жителите на два кварта се евакуирани. Затворен е и патот Измир-Маниса.
Во гаснењето на пожарот учествуваат шест авиони и девет хеликоптери, како и десетици противпожарни возила.
Управникот на Измир, Сулејман Елбан, изјави дека засега нема информации за жртви и повредени лица. Според Елбан, на неколку куќи им е нанесена материјална штета.
Елбан додаде дека противпожарните екипи се на пат да го стават пожарот под контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа