ГОЛ: Пандев ги матираше Германците пред крајот на полувремето

 

Македонија поведе во дуелот со Германија на самиот крај на првото полувреме по контра откако Адеми украде топка. Трајковски од страна ја нафрли топката кон Барди, а тој само му ја додаде на Пандев кој беше сам пред голот на Тер Штеген и ја заби топката 0-1.

Македонија, можеби неочекувано го доби првото полувреме во Дуисбург. Македонските фудбалери играат одлична одбрана, оневозможувајќи ги Германците да дојдат до гол. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2021 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега