Годишно до 250 лекари од Македонија заминуваат во странство
Годишно од Македонија си заминуваат од 200 до 250 општи лекари и специјалисти од јавното здравство, изјави претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров на настан организиран во пресрет на Светскиот ден на здравјето – 7 април.
Според податоците, во 90-тите години во земјава имало 18.000 доктори, а сега тој број е помал од 7000.
Од лекарското друштво порачаа дека треба да се направи добра регионализација, а младите лекари да се мотивираат со подобри услови за специјализација, напредување, брзо вработување, стипендии уште додека учат студентите по медицина,
Покрај лекарите, одлив во последните години е забележан и кај медицинските сестри и браќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа