Го прогласија за мртов, тој се огласи на Твитер: Жив и здрав сум
Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос, се огласи на својот Твитер, демантирајќи ги актуелните гласини дека починал.
Веста за наводната смрт на 92- годишниот Сорос се појави утрово на социјалната мрежа Твитер.
„Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, напиша тој.
Милијардерот до сега неколку пати беше „прогласуван за мртов“.
Rumors that I had a heart attack are completely false. I am alive and healthy.
— George Soros (@georgesoros) May 15, 2023
15.05.2023 - 19:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа