Ѓубрето во Карпош го успори гаснењето на пожарот кај Палас
Се запали дива депонија зад хотелот Александар Палас во Карпош.
Центарот за управување со кризи, извести дека пожарот бил пријавен во 10.36 часот, на кејот на реката Вардар.
Се наведува дека станува збор за запалена дива депонија на површина од околу 5000 метри квадратни.
На гасење на истиот БППЗ учествува со 5 возила и 10 пожарникари. На лице место во гасење на пожарот учествуваат и 2 цистерни од ЈП Комунална Хигиена, како и механизација од општина Карпош.
Пожарот е ставен под контрола, нема опасност од негово ширење и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа