Ѓорѓиевски: По неколку децении градежна офанзива во Припор

 

 Интензивни градежни акивности од денеска се одвиваат во Припор, соопшти Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој изврши увид во работите на улицата „Сава Ковачевиќ“ 23, истакна дека во наредните недели ќе бидат санирани оштетените улици во Припор, наведувајќи дека станува збор за површина од над 10 000 квадратни метри. Онаму пак, каде што има потреба, ќе се пробијат и нови улици.

Според Ѓорѓиевски, градежната офанзива ќе ги опфати и сите други месни и урбани заедници, согласно планот за рамномерен развој на целата општина.

-Припор од денес е зафатен со интензивни градежни активности! Ги санираме оштетените улици, меѓу кои Сава Ковачевиќ, нејзините краци- 23, 24, 25 и 27 и улицата кај црквата, односно патот што води кон Теферич. Фреквентни сообраќајници со површина од над 10 000 квадратни метри на кои никој, децении наназад, не интервенирал со градежен зафат. На одредени позиции, пробиваме и нови улици. За неколку седмици, согласно моите дадени ветувања за рамномерен развој на сите населени места во општината, Припор ќе добие сосема нов лик, а патната структура ќе продолжиме да ја обновуваме и во останатите месни и урбани заедници. Градежната офанзива на која ќе сведочат сите наши жители, ќе донесе удобност и безбедност за учесниците во сообраќајот и нов современ изглед на целата општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

17.02.2023 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега