Ѓорче Петров: Крстот ќе се фрла во две реки

 

Општина Ѓорче Петров и оваа година ја продолжува традицијата на празникот Богојавление – Водици. Kако поддржувач на овој значаен христијански празник, ги повикува граѓаните масовно да присуствуваат на свеченото одбележување.

Празникот е повеќе од обичај – тоа е ден кога заеднички ги славиме верата и духовните вредности кои ги носиме како заедница. Како општина, ние продолжуваме со поддршката на традициите и во оваа прилика покажуваме дека нашата посветеност кон граѓаните и духовното наследство е непоколеблива”, изјави градоначалникот Стојкоски.

На 19 јануари, сите граѓани на Ѓорче Петров се повикуваат да бидат дел од свеченоста која ќе се одржи на две локации во општината. По традиција, на реката Лепенец во Волково ( кај последна 22ка) и на реката Вардар на мостот во Хром ќе се врши осветување на водите и ќе се положи Чесниот крст.

Река Лепенец: 10:15 – Свечена поворка од црквата Св. Петка во Волково до реката Лепенец.
11:00 – Положување на Чесниот крст во реката Лепенец ( кај последна 22ка).

Мост во Хром: 11:30 – Свечена поворка од црквата Св. Петар и Павле до мостот во Хром.
12:00 – Положување на Чесниот крст во реката Вардар.

17.01.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега