Германските „Леопард 2“ во Украина може да пристигнат најрано во 2024 година
Германскиот производител на оружје „Рајнметал” би можел да и испорача на Украина обновени борбени тенкови „Леопард 2″ најрано наредната, 2024 година, изјави денеска извршниот директор на таа фабрика.
Тој за „Билд” изјави дека поправката на тенковите чинела неколку стотици милиони евра и дека возилата мора целосно да се демонтираат и повторно да се склопат.
Германија после САД испрати најголема воена помош за Украина. Државата претходно овој месец најави дека ќе испрати пешадиски борбени возила „Мардер” во Украина, а Киев побара и испорака на потешки тенкови, како што е „Леопард”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа