Германски моторџии облечени како зајаци собираат пари за добротворни цели

 

 

Група германски мотоциклисти, здружението Стритбаникру (Streetbunnycrew), смислија уникатен начин да соберат пари за добротворни цели: се возат низ земјата облечени како зајачиња, не само на Велигден, туку и во текот на целата година. Членовите на групата секако привлекуваат внимание со своите костими.

„Луѓето бараат да застанеме, сите се радуваат што се возиме во костими“, рече Силвија Хас, која го предводи здружението за Берлин и соседната сојузна покраина Бранденбург.

„Без разлика дали се работи за пешак, возач на автомобил, велосипедист – сите се среќни што некој прави нешто на таков смешен начин“, додаде таа.

Здружението има 400 членови низ целата земја, рече Хас, застанувајќи за време на возење во Берлин. Случајните минувачи застанале и ги фотографирале мотоциклистите. На овој начин, членовите на здружението привлекуваат внимание кон луѓето на кои не им оди баш најдобро во животот.

Донациите што ги собираат се наменети за установи кои работат со деца, а самите немаат доволно средства, објаснува Хас. Една година собираат пари за еден проект. Целта е да се насмевнат лицата на децата и возрасните и на овој начин „да ги натераме за момент да заборават на тешкотиите од секојдневниот живот“, стои во летокот на здружението што мотоциклистите го делат во Берлин и Бранденбург.

09.04.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега