Германски медиуми тврдат: САД на Русија и понудиле 20 отсто од територијата на Украина во замена за мир, Белата куќа демантира
Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс наводно му понудил на Киев „мир во замена за земја“, а на Москва – „земја во замена за мир“.
Според германскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (НЗЗ), кој се повикува на двајца германски политичари, Барнс, во јануари им предложи на Москва и Киев да склучат мир, според кој 20 отсто од окупираната територија на Украина би била на Русија.
Сепак, двете страни ја одбиле таквата понуда. Во Киев ги отфрлаат сите предлози за поделба на нивната територија, а во Москва се сигурни дека „во секој случај долгорочно ќе ја добијат војната“.
-Оваа верзија на настаните е целосно лажна, изјави неименуван функционер на ЦИА за Њузвик.
Заменикот портпарол на Советот за национална безбедност при Белата куќа Шон Дејвид, рече дека информациите на НЗЗ „не се вистинити“. Официјално, ниту Москва ниту Киев не ја коментираа оваа информација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа