Германската полиција запре „весели Бугари“ на автопат: Возеа темпирана бомба на тркала

 

 

Минатата недела германската полиција на автопат запре сино комбе со бугарски регистарски таблички и го исклучи од сообраќај. Во возилото „Форд Транзит“ имало шест патници кои тргнале на пат за Дортмунд, но среќната група погрешно пресметала.

Комбето било целосно технички неисправно – како „темпирана бомба на тркала“.

По извршен преглед во станицата за технички преглед, констатирано е дека од комбето тече масло од сопирачките, задната осовина е напукната, а насекаде има ‘рѓа.

Како што откриваат германските медиуми, контроверзниот „Форд Транзит“ веќе бил исклучен од сообраќај во Германија во 2021 година поради бројни дефекти, но потоа очигледно бил продаден во странство.

Сепак, и покрај неговата катастрофална состојба, патниците во „Транзитот“ оцениле дека возилото е сосема подготвено за долгото патување до Дортмунд од 1.000 километри.

09.04.2023 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега