Герасимовски: Општина Центар редовно ќе ги мие улиците во Центар
Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури. Денеска цистерната ги миеше улиците и контејнерите зад Универзалната сала, кај Вучко во населба Буњаковец и кај ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, а утре ќе продолжи во Дебар Маало.
„Години наназад не ги гледаме градските цистерни по улиците кои ја миеја прашината и ги освежуваа улиците. Прашината која не ја гледаме но ја дишеме всушност е дел од севкупното загадување и затоа е неопходно нејзино миење. Цистерната на ЈП „ПОЦ“ секое утро и попладне особено за време на овој бран со екстремно високи температури ќе поминува во сите населби и ќе ги мие локалните улици. Одржувањето на јавната хигиена мора да продолжи затоа денеска попладне цистерната беше активна во Буњаковец“, изјави Герасимовски.
Цистерната на Општина Центар активно ги миеше улиците и минатата недела кога градоначалникот Герасимовски најави самостојно чистење на општината поради застојот на работата во градското претпријатие „Комунална хигиена“. Јавната хигиена е слика на општината затоа Општина Центар се обидува да таа да биде високо позитивна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа