(ГАЛЕРИЈА) Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево

 

Со традицонална македонска музика и богата културно – уметничка програма, вчера во Аеродром граѓаните масовно и во голем број ги испратија учесниците на годинешната Илинденската коњаница.

Оваа година, во организација на здружението,, Илинденски коњички марш 1978” од Горно Лисиче и 45-ти пат по ред, околу 30 јавачи се упатија кон славното Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 август ќе се одбележат Денот на Републиката и 120-годишнината од Илинденското востание.

Маршот на коњаницата започна од паркот ,,Јане Сандански” каде на учесниците им беше предадено знамето на Општина Аеродром, а централната манифестација за испраќањето и литургијата се одржаа во храмот ,,Св. Петар и Павле” во Горно Лисиче. Општина Аеродром е традиционален поддржувач на настанот, а оваа година единствена јавна институција која со финансиски средства го поддржа „Илинденскиот марш“.


 

28.07.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега